/ Прочитано:

2.070

Барање за автентично толкување: Дали „Google Earth“ може да се користи во постапката за легализација на бесправно изградени објекти?

Во собраниска процедура е Барањето за автентично толкување на членот 6 ставот (2) алинејата 2 од Законот за бесправно изградени објекти, во кој се пропишува кои докази треба да се приложат за утврдувањето правен статус на бесправно изграден објект. Во Барањето за автентично толкување се прашува дали и користењето на „Google Earth“ може да се користи како доказ, со оглед на тоа што, како што се тврди во барањето, некои општини го користеле како доказ.

Во мислењето на Владата, пак, во врска со ова барање, се истакнува дека во Законот за постапување со бесправно изградени објекти јасно е наведено кои докази треба да се приложат и дека не е предвидено користење на јавно достапниот сервис на интернет „Google Earth“.

Се продолжува рокот на важење на Законот за постапување со бесправно изградени објекти

Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на собраниска седница по скратена постапка

Предложен нов Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти по скратена постапка

М.В