/Прочитано:

2.296

Бaрањето за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност е поставено на системот е-ППД

Согласно Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, за месеците февруари и март 2021 година, физичките лица кои вршат самостојна дејност (трговец поединец, лице кое врши земјоделска, занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење дејност и е запишано во соодветен регистар) погодени од здравствено – економската криза, под одредени услови, имаат можност да користат финансиска поддршка во износ од 17.410 денари месечно, за месеците февруари и март 2021 година.

За остварување на правото, физичкото лице кое врши самостојна дејност поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица (образец БФС-СВД/3) со Изјава за исполентост на условите наведени во Законот
Поднесувањето на барањето се врши до 30 април 2021 година преку системот е-Персонален данок – со најава во подменито Доход од вршење самостојна дејност и со внес на барањето преку модулот БФС-СВД/3.

Доколку барателот е физичко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход и нема кориснички профил во е-Даноци, за да може да го поднесе барањето треба да се најави на системот е-Персонален данок со корисничкото име и лозинка кои ги користи како физичко лице. Доколку не е корисник ниту на системот е-Персонален данок, за да може да поднесе барање треба да се регистрира како корисник на системот е-Персонален данок.

  • Барателот – физичко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува според вистински доход, треба да ги означи СИТЕ наведени услови во рубриката В од образецот
  • Барателот – физичко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето-доход треба да ги означи условите под б) и в ) во рубриката В во образецот
    Финансиската помош се исплаќа на трансакциската сметка на која се вршат трансакциите на дејноста , а за физичките лица кои вршат дејности на верските заедници и се оданочуваат според паушално остварен нето-доход се исплаќаат на личната трансакциска сметка. Финансиската поддршка не се однесува за вршители на дејност регистрирани по 31.10.2020 година