/Прочитано:

1.059

Барањето за одобрување притвор на поранешниот претседател на Собранието пред Комисијата за мандатно-имунитетни прашања

На дневен ред на денешната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања е барањето за одобрување притвор на пратеникот Трајко Вељаноски, поднесено од Основниот суд Скопје I, Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција III. КОК – ПП. бр. 95/19 од 21.02.2019 година.

Во членот 64 од Уставот на Република Македонија е пропишано дека пратениците уживаат имунитет. Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието.

Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.

Во врска со имунитетот на пратениците во собранискиот Деловник, поконкретно во членот 53 од Деловникот, се пропишува дека пратеникот ужива имунитет од денот на верификацијата до денот на престанокот на мандатот.

Барањето за одобрување на притвор на пратеник надлежниот орган го поднесува до претседателот на Собранието. Ако барањето не е доставено од надлежен орган, претседателот на Собранието за тоа го известува органот.

Известувањето дека пратеникот е притворен, затоа што е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години, надлежниот орган го поднесува до претседателот на Собранието.

Надлежниот орган, се пропишува во членот 53 од Деловникот, го известува претседателот на Собранието за притворот на пратеникот и кога тој не се повикал на имунитетот.

Претседателот на Собранието барањето за одобрување на притвор, односно известувањето дека пратеникот е притворен веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Комисијата е должна да го разгледа барањето, односно известувањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието. За седницата на Комисијата се известува и пратеникот на кого се однесува барањето.

Понатаму, во членот 54 од Деловникот се пропишува дека врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот, одлучува по барањето.

По известувањето за притворање на пратеник кој не се повикал на имунитет, Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник ако тоа е потребно за вршење на функцијата пратеник.

Правилник за куќен ред: „При извршување на мерката притвор се чува телесното и душевното здравје на притвореното лице“

Осуди за инцидентот во КПУ Затвор Скопје

Кривичниот суд за определувањето мерка притвор за Ристовски и Јанакиески

ЈОРМ: Под истрага организаторите на настаните во Собранието

Одредбите од Уставот и Деловникот на Собранието на РМ за имунитетот на пратениците

М.В