/ Прочитано:

961

Беџети на состанок на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на ЕСЧП

Среда, 13 март 2013Министерот за правда Блерим Беџети денеска ќе го отвори вториот состанок на Меѓуресорска комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

На состанокот ќе биде разгледуван статусот на извршување на заклучоците од првата седница на комисијата, што се однесуваа на мерки кои треба да се преземат од страна на државните органи со цел извршување на пресудите на ЕСЧП.