Берлускони осуден на 4 години затвор за затaјување на данок
Петок, 26 октомври 2012 – Пораншениот премиер на Италија, Силвијо Берлускони (76) е осуден 4 години затвор за даночна измама. Се очекува Берлускони, кој не беше во судницата при изрекувањето, да ја обжали пресудата. Според првостепената пресуда на судењето кое траеше 6 години, Берлускони и 10-мина негови соработници од неговата бизнис империја “Медијасет”, обвинети се за малверзации со правата за емитување на американски филмови на неговите телевизии, преку оф шор компании, со што избегнувале плаќање даноци. На овој начин тие заработиле 250 милиони евра.
Ова е прва казна за медиумскиот магнат, откако другите истраги и судења беа повлечени поради недостиг на докази или пречекорување на рокови.
Пресудата следи два дена откако Берлускони објави дека нема да се кандидира за премиер на наредните избори.
Во тек е и судењето за т.н. бунга-банга забави, каде поранешниот премиер е обвинет за плаќање за сексуални услуги со малолетнички и за злоуопотреба на службената положба.