/ Прочитано:

846

Берзата го продолжува бесплатното користење на eTrader за инвеститорите

„Одборот на директори донесе oдлука продуктот на Македонска берза за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО и по завршувањето на вонредната состојба, односно до 30.09.2020 година.
Оттука, надоместокот за користење на овој продукт нема да се наплатува до крајот на септември оваа година.
И во оваа прилика, апелираме до сите инвеститори во хартии од вредност што помасовно да ги користат електронските налози за тргување со хартии од вредност, а членките на Берзата што повеќе да го популаризираат продуктот eTrader во настанатите околности, предизвикани од вирусот COVID-19.
За подетални информации околу користење на eTrader ги упатуваме инвеститорите да се обратат кај својот брокер“, се вели во соопштението на Берзата.