/ Прочитано:

827

Пријави повреда на избирачкото право кај Народниот правобранител

Сабота, 23 март 2013 – Утре, на денот на одржувањето на локалните избори, во канцеларијата на Народниот правобранител, во периодот од 7 до 19 часот, ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните ќе бидат и сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Граѓаните, покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, за заштита на своите права ќе можат да се јават и на  телефонските броеви во  Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-584, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.

– Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со  преземање итни мерки за ефективно  постапување од страна на  надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права, се вели во соопштението од Народниот правобранител на Република Македонија.

Оттаму потсетуваат дека избирачкото право е  уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека  никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите, како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.