/ Прочитано:

911

БиХ достави барање за екстрадиција на нарко-босот Кељменди

Понеделник, 13 мај 2013 – Мисијата на ЕУ во Косово, Еулекс, од институциите во БиХ прими барање за екстрадиција на Насер Кељменди во оваа земја, за агенцијата Анадолија потврди портпаролката на Еулекс Ирина Гудељевиќ.

Таа појасни дека барањето за екстрадиција на првоосомничениот во случајот „Кукла“, кој се товари за тешки кривични дела во БиХ, веднаш му бил проследен на Министерството за правда на Косово, бидејќи официјалните лица на Еулкес не можат да асистираат меѓу БиХ и Косово.

„Службениците на Еулекс во Министерството за правда можат да асистираат меѓу релевантните  актери. Меѓутоа, работејќи во рамки на косовските закони Еулкес нема мандат да екстрадира ниту еден граѓанин на Косово“, изјави Гудељевиќ. 

Судијата на ЕУЛЕКС во Основниот суд во Приштина во четвртокот му одреди еден месец притвор на Кељменди.