/Прочитано:

1.569

Билатерална средба на Уставниот суд на Република Македонија и Уставниот суд на Република Бугарија

 

Во период од 4 до 7 јуни 2018 година, на покана на Уставниот суд на Република Бугарија, делегација на Уставниот суд на Република Македонија, предводена од претседателот на Судот  Никола Ивановски и уште шест судии на Судот, ќе оствари билатерална средба со Уставниот суд на Република Бугарија.

Во текот на работниот дел на билатералната средба уставните судии ќе разговараат на тема: „Уставната заштита на избирачкото право“ и „Уставното судство – прокламативна или вистинска независност“, како и за други теми од областа на уставното право и уставносудската практика.

Делегацијата на Уставниот суд на Република Македонија ќе биде примена и од претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, и од заменик-претседателот на Владата на Република Бугарија, Екатерина Захариева.

Со оваа посета започнува вториот циклус на билатерални средби меѓу двата уставни суда.

M.В