/ Прочитано:

1.323

Билатерална средба на Уставниот суд на Република Турција и Уставниот суд на Република Македонија

Во периодот од 9 до 12 септември 2018 година, на покана на Уставниот суд на Република Македонија, делегација на Уставниот суд на Република Турција, предводена од претседателот на Судот, Зухту Арслан, и уште двајца судии и судија известител на Судот, ќе оствари средба со Уставниот суд на Република Македонија.

Во текот на работниот дел на билатералната средба, уставните судии ќе разговараат на теми: „Уставната жалба во Македонија и системот на индивидуалната уставна тужба во Турција“ и „Тужбите пред ЕСЧП и одлуките против двете држави“.

Делегацијата на Уставниот суд на Република Турција ќе биде примена и од претседателот на Република Македонија,  Ѓорѓе Иванов, и од министерот без ресор во Владата на Република Македонија Аднан Ќахил.

Оваа посета е продолжение на одличната соработка помеѓу двата уставни судови и е во рамките на меморандумот за разбирање и билатерална соработка помеѓу уставните судови на Република Турција и Република Македонија склучен во 2007 година.

М.В