Билтен на Европската програма за едукација за човекови права за правни професионалци
Советот на Европа го објави билтенот на Европската програма за едукација за човекови права за правни професионалци – „HELP“.
Во билтенот на Европската програма за едукација за човекови права за правни професионалци – „HELP“ се говори за прва соработка помеѓу повеќе земји – ЕУ-Совет на Европа, во рамки на курсот на „HELP“ за заштита на податоците за адвокати од Чешка и Словачка.
Исто така, во билтенот се нагласува успешно завршената обука за правата на работниците во Грција, Латвија, Португалија и Словенија, засилените капацитети за борба против ксенофобијата и хомофобијата во Европа и одржаниот Европски семинар за правна обука и евалуација.
Билтенот може да го преземете тука.
М.В