/ Прочитано:

1.632

Биографиите на предложените министри и заменици-министри кои ќе се избираат на денешната собраниска седница

Предлогот за избор на членови на Владата на Република Северна Македонија; предлог за именување на заменици на министри во Владата на Република Северна Македонија и предлог за именување на вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија се на дневен ред на денешната собраниска седница.

За министер за финансии претседателот на Владата ја предлага Нина Ангеловска, додека пак за министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија го предлага Хисен Џемаили.

Биографиите на Ангеловска и Џемаили

За заменик-министер за економија претседателот на Владата го предлага Кирил Колемишевски, а за заменик-министер за образование ја предлага Елизабета Наумовска.

 Биографиите на Колемишевски и Наумовска

Гувернерката на Народната банка го предлага Фадил Бајрами за вицегувернер на Народната банка.

Фадил Бајрами предложен за вицегувернер на Народната банка

М.В