/ Прочитано:

3.095

Биографиите на предложените заменици-министри

 

Предлогот за именување заменици-министри во Владата е на дневен ред на собраниската седница. Биографиите на предложените заменици-министри може да се погледнат на следниот линк.

Во Министерството за одбрана за заменик-министер е предложен Башким Хасани, во Министерството за внатрешни работи – Назим Буши, а во ресорот правда предлогот за заменик-министер е Агим Нухиу.

Илхан Рахман е предложен за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмире Исаки за заменик-министер за надворешни работи.

Во Министерството за финансии за заменик-министер е предложен Димитар Ковачевски, а во Министерството за економија предложен е Зоран Маневски. Во ресорот земјоделство за заменик-министер е предложен Трајан Димковски.

Илир Хасани е предлогот за заменик-министер во Министерството за здравство, Арафат Шабани е предложен во Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин во Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски во Министерството за локална самоуправа и Седат Сулејмани во Министерството за култура.

За заменик-министер за информатичко општество и администрација е предложен Александар Бајдевски, во Министерството за транспорт и врски Беким Реџепи, а во Министерството за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска.