Биографија на авторот
Уште од раната пролет, 1993 година, работам како новинар во најстариот дневен весник на Балканот, белградска „Политика“. Наместо да се вработев во некоја банка, инвестиционен фонд, или уште подобро да се приклучев на некоја политичка партија, сосема случајно завршив во новинарството. Да изберев една од првите три опции, веројатно сега ќе живеев како цар, а не да тезгарам по регионов како новинарски номад. Среќа, сега текстовите се праќаат по имеил, а не поштенски кочии.
Дипломирав на Економскиот факултет во Белград, а во „Политика“ почнав како попишувач на цените на тезгите, за пазарскиот барометар на градската рубрика. Кога големите уредници проценија дека сум излегол од пубертет, а веќе бев во триесет и некоја, почнав да ги следам најважните политички, социјални и економски настани во земјата. Признавам, најсреќен сум кога пишувам за спортот или машко-женските односи, но на моја жалост тоа се случува прилично ретко.
Бев уредник на економската рубрика на „Политика“ во 2007 година, главен и одговорен уредник на изданието на „Политика“ – „Политика зип“, 2008 година.
Здружението на новинарите, во 2003 година ми ја додели годишната награда за репртажата „Лаза Костиќ“. Повремено објавувам текстови во белградскиот спортски весник „Спортски журнал“. Во текот на 2007 и 2008 година бев колумнист во белградскиот дневен неделник „Стандард“ каде ги скенирав ликот и делото на најмоќните луѓе во Србија – претседател, премиер или лидер на партија, до фудбалски ѕвезди, тајкуни, турбофолк пејачки, заборавени боксери, мафијашки шефови…
Последниве три години, дописник сум на хрватското издание на магазинот „Форбс“ кој се смета за најугледниот светски економски њуз-магазин. Текстови објавувам и во загрепскиот дневник „Јутарњи лист“.
За порталот „akademik.mk“ со посебно задоволство пишувам од неговото основање.
Роден сум во Белград, пред 45 години.