/ Прочитано:

9.523

Биографијата на предложениот министер за правда Билен Саљији

Во новиот состав на Владата на РМ за министер за правда е предложен Билен Саљији.

Билен Саљији, се наведува во неговата биографија, е роден во 1975 година во Добри Дол, општина Врапчиште.

Саљији има завршено средно образование во гимназијата „Панче Поповски” во  Гостивар и  Правен факултет на Државниот универзитет во Тетово.

Од 2005 до 2009 година бил советник за односи со јавноста во Општина Врапчиште, а од 2009 до 2011 бил директор во ЈКП „Врапчиште“, Општина Врапчиште. Од 2011 до 2017 година бил директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

Саљији има положено правосуден и нотарски испит. Говори македонски, албански и англиски јазик.

Програмата на новата Влада во делот на правосудството, пристап до правдата и човековите права

М.В