/ Прочитано:

1.027

Бирото за јавни набавки ќе го надградува електронскиот систем во врска со објавувањето на јавно склучените договори

Владата ја разгледа и ја усвои информацијата за начинот на кој ќе се објавуваат јавно склучените договори за јавни набавки.

„Во оваа насока, Владата го задолжи Бирото за јавни набавки веднаш да го надгради Електронскиот систем за јавни набавки со функционалност за прикачување на договорите кои подлежат на известување на склучен договор со додавање на задолжително поле за прикачување на склучениот договор“, соопштуваат од Владата на РМ.

Истовремено, Владата им препорачува на државните договорни органи, на единиците на локалната самоуправа, на јавните претпријатија, на јавно-приватни субјекти основани од Владата на Република Македонија и на трговските друштва во сопственост на Република Македонија да ги објавуваат договорите за јавни набавки на Електронскиот систем за јавни набавки.

М.В