Бизарни закони низ целиот свет: Не смеете да ги храните гулабите во Италија, а не ни помислувајте да понесете лав со себе на кино во Америка
Среда, 2 јануари 2012 – Непознавањето на законите и правилниците не е оправдување за странците. Колку тие да им изгледаат апсурдни сепак нема да бидат поштедени од плаќање казни. Некои од нив се поврзани со традицијата и уверувањата на земјата, па за туристите изгледаат дека немаат смисла. Додека светот се чуди, во земјите законите функционираат.
На Гренада, островската земја во Средна Америка која важи за атрактивно туристичко место е забрането девојките да се шетаат доколку на нив имаат само костуми за капење. Така облечени не им е забрането да лежат и да се сончаат на песочните плажи, но не смејат да прават прошетки доколку не ги покријат бикините. Казната за непочитување на ова правило чини 270 долари. Оттаму од туристичкото биро се изјаснуваат дека без никаков проблем туристите го почитуваат правилото.
Во Италија, може да се восхитувате на гондолите во Венеција. плоштадите во Рим, музеите, фонтаните, но не ви е дозволено да ги храните гулабите. Птиците кои се белег на италијанските плоштади се безопасни за туристите, но за властите претставуваат катастрофа бидејќи секојдневно од нивното хранење се прави неред на плоштадите. Казните за овој прекршок се движат од 60 до 600 евра.
Почитта на Французите спрема Наполеон Бонапарта се гледа и преку нивното противење на книгата „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел кaде свињата носи име Наполеон, а го претставува Сталин. Французите наместо Наполеон свињата ја нарекуваат Цезар. Пред неколку децении објавени се правни публикации каде се објаснува значењето на името Наполеон во книгата. Денеска Французите не обрнуваат внимание на ситуацијата, но за нив свињата се уште се вика Цезар.
Велика Британија е земја позната по апсурдни закони и давачки. Преку 2000 закони годишно се укинуваат поради апсурдноста, но сепак традицијата на носење нови смешни закони се уште продолжува. Еден од законите кој се издвојува е забраната да се почине во парламентот. Овој закон беше критикуван од меѓународната заедница, па затоа парламентот го укина.
Во Обединетите Арапски Емирати е забрането јавно да јадете за време на празникот Рамазан. Ручек во ресторан за време на празникот достигнува петкратно повисока цена од кој бил друг ден во годината. Но е забрането јадење на улица, постои можност доколку некој јаде на улица да заврши и во затвор. Тоа им се случило на двајца британски туристи кои дури по 3 недели биле пуштени од затвор, а платиле и по 275 долари.
Во најромантичната земја Франција е забрането да се бакнувате на железничка станица. Овој закон датира од 1910 година, Британците веднаш потоа го донесоа овој смешен закон и во нивната земја. Ова правило и до ден денеска се применува иако времињата и околностите се сменија. Законот бил донесен за да се спречи доцнењето на патниците кои се качуваат на возовите.
„Жал ми е Симба, ти ветив дека ќе те однесам во кино, но туку што дознав дека тоа е спротивно со законот. Во градот Балтимор, во американската држава Мериленд, за жал граѓаните не смеат да понесат лав во кино салите. Оттаму на своето лавче може да му донесат само пуканки.