/ Прочитано:

958

„Блиц“: Српскиот нарко-бос Шариќ, клучен сведок против водечкиот нарко-бос на Балканот Кељменди

Четврток, 9 мај 2013 – Дарко Шариќ, лидер на нарко-картел во бегство, најверојатно се договорил со американските безбедносни служби за да стане клучен сведок против Насер Кељменди, водечки нарко-бос на Балканот, кој во неделата беше уапсен во Приштина по потерница од Босна и Херцеговина, дознава српски „Блиц“.
 

Според информациите на „Блиц“, Шариќ, неговиот кум Сафет Калиќ и Ѕвонко Веселиновиќ од Косовска Митровица биле блиски соработници со Кељменди.

Во српската полиција Кељменди е означен како главен финансиер и организатор на шверц на кокаин и хероин кои од Инстанбул, преку Албанија, го шверцувале до Пеќ, а потоа преку Нови Пазар во земјите од западна Европа.

„Во српското досие Кељменди е посочен како шеф на кланот  кој го држи Косово заедно со браќата Османи и Екрем Лука, кои воедно се   финансиерите на политичкиот проект на Рамуш Харадинај, и Хашим Тачи“, пишува „Блиц“.

Во досието, се наведува во написот, меѓу другото стои дека Кељменди своето богаство го стекнал преку шверц на тутун и дека како богат Албанец бил главен финансиер на ОВК.

Досието на Кељменди се шири, а последните информации укажуваат на негова блиска соработка со Шариќ во време кога шверцувал кокаин од Јужна Америка, а во Србија и регионот ги перел заработените пари.

„Шариќ на почеток на својата криминална кариера се занимавал шверц на херои и тогаш почнала неговата соработка со Кељменди. Кога почнал да се занимава со шверц на кокаин, нивната соработката се префрлила на перење пари“, вели  за „Блиц“ извор од српското Министерство за внатрешни работи.

>> Кој, навистина, е Дарко Шариќ: Мистерија на пљевљанскиот Ескобар