/ Прочитано:

875

Близу Гевгелија полицијата приведе 17 илегалци од Африка

Понеделник, 22 април 2013 – Вчера, 10 минути по полноќ, на автопатот Гевгелија-Скопје, кај клучката за Демир Капија, при полициска контрола во возилото на Н.Н (25)годишниот велешанец, затекнати се четворица странски државјани, тројца сомалиски и еден државјанин од Того, без документи за идентификација. Според првичните информации, државјаните илегално влегле од Грција во земјава, а наводно имале намера да заминат во Унгарија, понатаму во земјите од Европската унија. 

Откако полицијата ги пронашла 4-цата илегалци, два часа подоцна  на автопатот Гевгелија-Скопје, на местото викано „Влез Гевгелија“, од страна на полициски службеници сопрени се два автомобили „цитроен“ управувано од 46-годишниот И.А. од село Арачиново и „форд мондео“ управувано од 47-годишниот А.Н. од село Романовце. Во нивните возила затекнати се 14 странски државјани, четворица од Сенегал, тројца од Бангладеш, двајца државјани на Мали и по еден државјанин на Мавританија, Судан, Гамбија и Брегот на Слоновата Коска, како и една државјанка на Еритреа. Сите без документи за идентификација.