ФУДБАЛ И ХАОС: Албанскиот дрон на српското небo го дестабилизира регионот

И, нѝ недостасуваше само дрон! Пред крајот на првото полувреме на натпреварот со Србија-Албанија, над стадионот Партизан, влета албанското НЛО! Лета, така беспилотното летало со знаме на „Голема Албанија“, среде Белград, врз главите на 25 000 луѓе и на сто метри воздушна линија од претседателот на Србија, Томислав Николиќ и министерот за одбрана Гашиќ. Значи, нема што. Тоа беше чист акт на тероризам! Што ќе беше, дронот да носеше вирус на ебола или 10 килограми експлозив?

На чија страна војуваа Албанија и балистите во соседните земји за време на Втората Светска Војна кога делумно беше реализиран проектот „Голема Албанија“? Да не војуваа случајно против нацизмот? Да не можеби слушаа радио Лондон или сепак, како што ми се чини, беа на страната на Хитлеровиот Трет рајх.

Се разбира дека сите во Белград чекавме на која фора ќе биде дестабилизирана Србија, ден пред пристигнувањето на претседателот на Русија, Владимир Путин.

И, ете спектакуларен случај – случајот дрон! Знаете ли сега што зборуваат низ Белград сериозните фаци од таканареченото разузнавачко братство? И тоа од она, најсериозното? Сега веќе се планира сценарио околу сите стадиони низ светот да се постават повеќе снајперисти отколку семкари. Најголемото спортско случување сега станува лесна мета за терористите, стануваат мета на дроновите!

 

Веднаш си помислив дека работите одат кон зло! Ги триев очите, каков тим на Србија излегува на мегдан со Албанците и тоа во Белград? Замислете некој да му го земеше топузот на Крале Марко, да му ги врзеше рацете и да го пратеше таков, ненаоружен и беспомошен кај Мусу Кесеџија кој е наоружан со митралез! Репрезентацијата на Србија од неодамна ја презема тренерот Дик Авокат после супер-неталентираниот Синиша Михајловиќ и очигледно е дека Холанѓанинот нема поим кој се може да игра за Србите, па така на единственото шпиц место го постави пензионерот Данкo Лазовиќ. Тој Лазовиќ, што вели мојот другар Дуле Савиќ, една од најголемите легенди на југословенскиот фудбал, не би го земал ни во тимот на ветерани кои ги шетаат пивските стомаци. Тогаш веќе знаев дека губитнички се откажуваме и од овие квалификации, бидејќи однапред се предаваме на одличниот тим од Албанија со неверојатна дефанзивна формација. Имено, Србија во моментов има играчи барем за полуфинале на Европското првенство. Но, Србија има и Фудбалски сојуз на чие чело е таинствениот „бос“ Толе Караџиќ, со огромна свита, сива менаџерска еминенција, сè стари и осамени разузнавачи, под називот – „фудбалски работници“ – што всушност ништо не значи и е фраза од времето на социјализмот.

Кој е интересот Србија, конечно да не создаде супер-тим, навистина немам поим!

И ни недостасуваше само дронот! И се случи дрон! Пред крајот на првото полувреме на натпреварот Србија-Албанија, над стадионот Партизан, влета Албанско НЛО! Лета така беспилотното летало со знаме на „Голема Албанија“, среде Белград, врз главите на 25 000 луѓе и на сто метри воздушна линија од претседателот на Србија, Томислав Николиќ и министерот за одбрана Гашиќ. Значи, нема што. Тоа беше чист акт на тероризам! Ајде да оставиме настрана тоа што проектот „Голема Албанија“ е фашистички план, кој ги опфаќа териториите на Србија, Македонија и Грција. Ајде со ладни глави да замислиме како би изгледало на стадионот во Тел Авив, каде што да речеме играат Израел и Германија и навивачите „панцери“ пуштат беспилотно летало со кукаст крст и фотографија на чикица со бркчиња. И тоа беспилотно летало да се доближи на сто метри од претседателот на Израел.

На чија страна војуваа Албанија и балистите во соседните земји за време на Втората Светска Војна кога делумно беше реализиран проектот „Голема Албанија“? Да не војуваа случајно против нацизмот? Да не можеби слушаа радио Лондон или сепак, како што ми се чини, беа на страната на Хитлеровиот Трет рајх.

Значи, беспилотното летало кое се смета за оружје, со обележје кое го дестабилизира суверенитетот барем на три земји од регионот, лета над главата на шефот на државата. Знаете ли сега што зборуваат низ Белград сериозните фаци од така нареченото разузнувачко братство? И тоа од она, најсериозното? Дека после инцидентот со албанскиот дрон, кој можеше наместо знаме, скраја да е, да носи вирус на ебола или можеби 10 килограми експлозив, сега ќе настапи ноќна мора за сите големи спортски случувања во светот. Сега веќе се планира сценарио околу сите стадиони низ светот да има поставено повеќе снајперисти отколку семкари. Да се разбереме: Албанците сега упаднаа во националистички трип, каде ниту нам, ниту нив, ни’ нема помош. Ние тој вирус го преболевме и знаеме како поминавме. Тие, гледам ја слават диверзијата од воздух по светите албански земји, од Приштина, Митровица, западна Македонија до Тирана. Мислат луѓето дека сè во право. Во ред е, нивно право е. Ова најверојатно е време на демократија. Се разбира дека сите во Белград чекавме на која фора ќе биде дестабилизирана Србија ден пред пристигнувањето на претседателот на Русија, Владимир Владимирович Путин. И ете по некоја случајност се случи дрон. Сега имаме два избора. Првиот е да се правиме мали деца, па да веруваме дека тоа го смислиле албанските хулиганчиња, кои би создале држава од времето на нацизмот. И можеме да бидеме нешто посериозни, па сепак да изразиме разумно сомневање дека позади „операцијата дрон“ стојат нешто помоќни тајни служби. Бидејќи за изведбата на големоалбанскиот перформанс, потребна е огромна логистика. Значи, било потребно со јаже, преку ноќ да се качат на православна црква во близина на поранешниот стадион ЈНА – висина преку 20 метри. Потоа тој специјалец требало да го инсталира дронот, среде Белград, кој поради доаѓањето на Путин беше под опсада од руски и српски разузнувачи. И конечно, морало да се влезе во ложата на стадионот и со супермобилен телефон, прецизно да се управува беспилотното летало.

За идејниот творец на таа операција, во белградските медиуми, истата ноќ е осомничен родениот брат на албанскиот премиер – Олси Рама, кој со албанската ВИП екипа дојде на натпреварот. Ќе бидам сосема завиен, кога ќе го напишам ова. Кој би рекол дека ова ќе го направи таква „цвечка“. Имено, сѐ говори спротивно. Дека Олси е невин како Трнорушка пред да наиде принцот. Човекот всушност има американси пасош, се школувал во Соединетите Држави, работел со Џорџ Сорос…

Српските безбедносни сили веднаш го уапсија на стадионот. Меѓутоа, Олси сепак е ослободен и замина за Тирана, како би се избегнал голем дипломатски скандал. Батето сега се чуди како воопшто можело да се фрли сенка на сомнежот токму врз него. Премиерот Вучиќ најавува дека истрагата ќе биде многу интересна кога ќе покаже, всушност, колку земји учествувале во нарушувањето на српскот воздушен простор со илегално беспилотно летало, среде спортски натпревар под покровителство на УЕФА. Еве ситни детали. Триесетидвегодишниот Албанец од Италија, Исмаиљ Моринај, е специјалец кој го лансирал дронот од куполата на црквата Свети Архангел. Моринај се занимава со алпинизам и слободно качување, како по планините така и по православни цркви. Три дена пред натпреварот стасал во Белград и престојувал во хотел покажувајќи италијански пасош. Моринај, после натпреварот, побегнал од Србија, но нашата полиција го лоцирала и сега бара помош од Интерпол за неговото апсење. Постојат сознанија дека Моринај и Олси Рама долго се познаваат. Белградските медиуми наведуваат дека Олси Рама лично го управувал леталото над стадионот преку програма инсталирана во својот ајфон откако Моринај го лансирал! Се разбира дека ние Србите, на крајот, излеговме најглупави во одделение! Имено, прво цел стадион свиреше на албанската химна. Потоа, дел од гледачите извикуваа: „Уби, закољи, да шиптар не постои“! Инаку, така бившите народи и народности си ласкаат едни со други кога играат меѓусебно натпревари. И потоа, кога добриот дечко Митровиќ, репрезентативец  на Србија, го зема знамето, го спушти дронот и мирно со него тргна кон четвртиот судија да му го предаде, за да се продолжи натпреварот, доаѓа до клучниот момент од натпреварот. Тогаш се случува нешто глупаво, што наведува на заклучок дека тоа било испланирана брилијантна диверзија во која учествувале и оние од надвор и тие од внатре од стадионот. Имено, наместо играчите на Албаниија да му допуштат на Митровиќ, да го предаде знамето и дронот на судијата па играта да продолжи, тие се нафрлија на нашиот играч како да се во војна! Тоа е клучниот момент кој го запали стадионот, тоа е клучот за отклучување на оваа афера. Зарем знамето на „Голема Албанија“ е истовремено и национален симбол на националниот тим на Албанија? Имено, фудбалерите на Албанија тргнаа да го бранат знамето кое го нарушува територијалниот интегритет на барем три земји од регионот! Нашите играчи беа шокирани цело време! После меѓусебното расправање, не сфаќајки зошто Албанците го бранат дронот и знамето, тие всушност,  неколку минути подоцна ја спасуваат целата работа. Фудбалерите на Србија почнуваат да ги штитат играчите на Албанија, кои сакаа да влезат во војна поради соборениот албански воен дрон! Тогаш хулиганите влегуваат на терен, што е апсолутно недозволена глупава српска постапка и акт за осуда! Помеѓу нив е и угледниот силеџија, Иван Богданов, кој пред неколку години предизвика жестоки немири во Џенова. Тој Богданов е инаку манекен на секоја стадионска несреќа! Но, тоа се нашите хулигани, кои очигледно работат на далечински управувач. Имено, војната е одамна завршена. Но Боже мој, недоразбирањата се продолжуваат со мирни средства. Хулиганите само преминале во резервен состав, како територијална одбрана и цивилна заштита на републичките квазидемократски режими. Тој паралелен милитарен свет ги исполнува сите желби: предизвикува граѓански немири, изведува демократски и антидемократски револуции, спречува геј-паради.

Можете да ги изнајмите и за одбрана на меѓународни права, така што ќе ги запалат пунктовите на административната граница со Косово. Или да ја потпалат зградата на американската амбасада. Кога требаше, го „устоличија“ Слоба. Кога требаше, го срушија. Кога треба да се внесе додатна драматургија во српскиот дар-мар, тие се активираат како заспани зомбија. Ако треба да се скршат „педерските“ глави, тоа ќе го направат со задоволство. И држете ме за збор, кога ќе треба гушнати да прошетаат со нив држејќи се за раце, ќе го направат и тоа со задоволство. Таа луда ноќ се обидоа да ја распламтат акцијата со дроновите. Но, фудбалерите на Србија, успеаја во акцијата за одбрана на своите колеги, па сите се „шмугнаа“ во соблекувалната. Публиката од трибините фрлаше со различни предмети по играчите на Албанија. Потоа капитенот Бане Ивановиќ и неговиот заменик Коларов, по угледот на ѕвезди од светскиот фудбал, целото време го поминаа во соблекувалната за ништо да не им се случи на гостите. Да се разбереме, секоја сериозна земја веднаш по влегувањето на беспилотното летало со фашистичко знаме во непосредна близина на својот претседател, би наредила на десантните сили да го заземат стадионот.

Ма каков црн фудбал, кога е загрозена безбедноста на претседателот, министерот за одбрана и на 25 000 луѓе, меѓу кои имаше и деца! Но, Србија е навикната да ја сметаат за земја која е виновна за настанувањето на сидата, ракот, еболата, климатските промени, цунамите и сите зла, па обично реагира како оној дечко кој секогаш седи сам, кој е срамежлив, исплашен и кој го користат како вреќа за шутирање.

Делегатот на УЕФА бараше натпреварот да се продолжи. Албанците одбија. Им паднал дронот, па има паднал и моралот. Како сега ќе реагира УЕФА? Се разбира на штета на Србите. Замислете си да беше обратно. Замислете родениот брат на премиерот Александар Вучиќ, да управуваше со дронот над стадионот во Тирана, со знамето на Голема Србија и Дража Михајловиќ?  Замислете, претходната ноќ да се качил српски специјалец и инсталирал дрон на блиската џамија? Тоа во секоја сериозна земја се смета за вооружен напад. Се надевам само дека Албанците го патентирале овој рецепт во Заводот за тероризам за да не им бидат одземени авторските права од ИСИС или Ал Каеда. И провокацијата се разбира успеа. Повторно, како на далечински управувач, се кренаа хулиганите кои запалиле неколку албански пекари во Војводина. И да се запрашаме како во детективска приказна, на кого сето ова му одговара? На кого му одговара дестабилизација на Балканот? На Србија, секако дека не. Кој имал најголем мотив да го претстави Белград како дивјачки и несигурен, ден пред пристигнувањето на Владимир Путин на воената парада среде Европа, додека трае украинската криза? Хм… Вие погодувајте, а јас отворено ќе се правам „блесав“! Како понатака ќе заврши овој цел „џумбуш“? Немам поим. Би сакал само, сите наши Балкански браќа да престанат да бидат монета за раскусурување на големите. Вистина е само дека Србите и Албанците се родени браќа. Додуша, во правилните историски растојанија, тие истовремено полудуваат, најверојатно ги фаќа некој вирус, што и да е, па се до крај „разбиваат“. Кога ќе се отрезнат и погледнат каква штета направиле, сфаќаат дека немаат никој близок. Каква глупост е направена со тој свет албански дрон над српското небо! Дали Албанците воопшто знаат колку белграѓани планираа следното лето да летуваат на албанските плажи? Зошто нашите соседи не закупија рекламен простор на државната телевизија, па да пратат поздрав и да ги претстават цените во хотелите за наредната година? Јас прв би заминал таму. Имено, имам повеќе пријатели меѓу тој свет. Но, така е со нас и така е со нив. Така е и со дроновите. Далечинскиот управувач секогаш го држи некој друг. И тоа не беше братот на албанскиот премиер. Во оваа игра, тој беше само играчка… Се надевам дека ја сфаќате оваа мала игра на зборови.

 >> Српската верзија на блогот проследете ја тука.

Објавено: 23.10.2014