БЛУПРИНТ ГРУПА: Донесените закони се добра основа за промени, потребна е доследна имплементација
Наодите од третиот мониторинг бриф на проектот „За правда“ и оценките од последниот извештај на Европската комисија беа тема на денешната прес-конференција на Блупринт групата за реформи во правосудството.
Од аспект на транспарентноста, во периодот март – мај 2019 процесот на носење на закони беше задоволителен
Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, се осврна на принципите врз кои се следи реформскиот процес. Од аспект на транспарентноста, Блупринт групата резимира дека во периодот март – мај 2019 година процесот беше задоволителен. Поголемиот дел од законите се носеа во транспарентна постапка, со јавни дебати и со вклученост на граѓанскиот сектор. „За некои од законите (како Законот за јавно обвинителство) претходно реагиравме дека не се носат транспарентно, но тоа се надмина во овој период. Министерката за правда нѐ повика да дадеме предлози и препораки во делот на СЈО и сметаме дека ќе бидат земени предвид при доработување на законските решенија“, изјави Пировска. Таа додаде дека при оценувањето на временската рамка биле земени предвид политичките процеси во земјата, но и опструкциите од поранешниот претседател на државата, кој одбиваше да ги потпише реформските закони. Сепак, веќе се донесени осум од тринаесетте закони што ги следи Блупринт групата.
За законите што ги следи Блупринт групата и Извештајот на ЕК
Ива Цоневска од Институтот за европски политики даде краток осврт на Извештајот на ЕК во делот на темите кои се опфатени со овој проект. По една декада на препораки, оваа година препораката е различна, јасна, безусловна, а Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија се истакнати како позитивен пример. Комисијата ги поздравува реформските процеси на внатрешен план и резултатите во областа на судството, борбата против корупцијата, разузнавачките служби и јавната администрација. Цоневска истакна дека во делот на политичките критериуми поглавјата 23 и 24, кои се најрелевантни за владеењето на правото, имаме најголем напредок и најголемо ниво на усогласеност во однос на другите земји од регионот. ЕК го поздрави и самиот политички дијалог во Собранието, како и вклученоста на граѓанското општество во процесот на креирање политики. Комисијата оценува дека промената на правната рамка во делот на правосудството овозможува цврста основа за трајни промени. Она што следува е доследна имплементација на законите и спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, а особено ЕК смета дека е потребна стратегија за човечки ресурси во судството и обвинителството, како и унапредување на судскиот информатички систем.
За Законот за јавно обвинителство
Натали Петровска од Коалиција сите за правично судење ги појасни предлозите на Блупринт групата во однос на Законот за јавно обвинителство, кои веќе се доставени до Министерството за правда. Тие се однесуваат на потребата од доработка на законските решенија за да се избегне преклопување на мандатите на ЈО за организиран криминал и корупција и СЈО. Препораката е СЈО да продолжи со мандатот за гонење високи случаи на корупција. „Во поглед на примената на доказните материјали, односно т.н. ‘бомби’, законот предвидуваше дека во одредена фаза нема да може да се користат, што сметаме дека е во судир со Законот за кривичната постапка. Оттука, препораката е да се разграничат овие два закони, односно примената на доказниот материјал да се остави на Законот за кривичната постапка“, посочи Петровска.
Последниот предлог до Министерството за правда е пролонгирање на мандатот на сегашните обвинители од СЈО за шест месеци, а потоа избор во согласност со одредбите во новиот Предлог-закон за јавно обвинителство, поради обемот на предметите и спремноста на сегашните обвинители.
За Законот за управни спорови и Законот за прекршоци
Симона Трајковска од Центарот за правни истражувања и анализи се осврна на Законот за управни спорови и на Законот за прекршоците, кои стапија на сила по потпишувањето од страна на новиот претседател. Трајковска истакна дека Законот за управен спор ќе ја подобри постапката, предвидува санкции за институциите кои нема да постапат навремено и воведува јавна расправа како начело за постапки. Со Законот за прекршоците се намалува казнената политика и се воведува мерката опомена, но како предизвик останува усогласувањето на голем број закони.
За Законот за бесплатна правна помош
За новиот Закон за бесплатна правна помош, кој се донесе пред две недели, зборуваше Гоце Коцевски од Македонското здружение на млади правници. Законот е квалитативно подобрување, споредено со претходниот, и предвидува новини кои ќе го олеснат пристапот до правда за сиромашните граѓани. Исто така, проширен е опсегот на правни прашања кои ги опфаќа и се очекува забрзување на постапката за одобрување на бесплатната правна помош.
За регулативата што ја опфаќа работата на Судскиот совет и судството во целина
Мирослав Драганов од Институтот за човекови права посочи дека има квалитативно подобрување во регулативата што ја опфаќа работата на Судскиот совет и судството во целина. Се очекува и Законот за Советот на ЈО да ги има истите подобрувања. Во наредниот период се очекуваат видливи резултати при имплементација на законите од страна на сите нивоа во правосудството. Отсега враќањето на довербата ќе зависи од самите судски институции“, посочи Драганов.
Презентираните наоди од третиот мониторинг бриф се на следните линкови: Трет мониторинг бриф од проектот За правда и Анекс кон третиот мониторинг бриф
Заклучоци од конференцијата „Поглавјето 23: македонското сидро или едро“
Блупринт групата достави конкретни решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство
Извештај во сенка за Поглавјето 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година
Дијалог за реформите во Поглавјето 23
Позитивно мислење на Венецијанската комисија за Законот за Судскиот совет
Анализа за трансформацијата на СЈО и проблемот со неговата уставност
Министерство за правда: Законот за јавното обвинителство е закон без скриена амнестија
Граѓанските организации бараат повлекување на Предлог-законот за јавното обвинителство
Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот јавен обвинител
Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО
Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители
Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО
СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија
Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО
Министерството за правда подготвува Закон за Специјалното јавно обвинителство
Второ читање на законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите
Законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите пред Комисијата за европски прашања
Дистинкција меѓу глобите за малите и големите фирми во новиот Закон за прекршоците
Измените на Законот за судовите со европско знаменце влегоа во собраниска процедура
Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница
Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите
Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните
Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
Компаниите бараат ревидирање на прекршочните санкции
Според министерката за правда 2019 година ќе биде година на реформи во правдата
Клучните измени на Законот за судовите
Новиот Закон за управни спорови со европско знаменце предложен во Собранието на РМ
Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција
Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата
Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата
Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение
Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура
ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата
Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста
Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата
Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти
Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите
Советот за реформи во правосудниот сектор дебатираше за Законот за кривичната постапка
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за кривичната постапка
Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка
Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП
ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за кривичната постапка
Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка
Измените на Законот за судовите ќе бидат доставени до Венецијанската комисија
Законски измени за спречување на злоупотребата на АКМИС
Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет
М.В