/ Прочитано:

1.114

БОНЕВА: Работата на СЈО се претвори во медиумски и политички циркуз

Таа додаде дека оние што ги повикале медиумите треба да одговорат на прашањата зошто е повикана, за кој предмет и што се разговарало во Специјалното јавно обвинителство.

received_1655784214736683

Покриеноста на работата на СЈО се претвори во медиумски и политички циркуз. Ова го изјави Силвана Бонева, член на ДИК, која денеска беше на распит во Специјалното јавно обвинителство.

Кога гласав за Законот за СЈО во Собранието, во ниту една одредба не стоеше дека предистражната постапка, која треба да биде тајна, ќе биде медиумски и политички циркуз, рече Бонева.

Таа додаде дека оние што ги повикале медиумите треба да одговорат на прашањата зошто е повикана, за кој предмет и што се разговарало во Специјалното јавно обвинителство.

Минатата недела специјалната јавна обвинителка Катица Јанева соопшти дека СЈО ќе ја интензивира работата и дека во наредниот период во Обвинителството ќе бидат повикани луѓе кои ќе бидат од корист на предистражните и истражните постапки кои ги води Обвинителството.

Јанева истакна дека предистражните и истражните постапки се тајни и нема да соопштуваат кој сè е повикан и во кое својство.