/ Прочитано:

1.412

Борбата против корупцијата не се води само со донесување нови закони, туку и со следење на моралниот закон во себе

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, Комитетот ГРЕКО при Советот на Европа објави видео со кое дава придонес во подигнување на свеста за штетите кои може да ги предизвика корупцијата и со кое укажува за потребата од одлучна борба против корупцијата.

akademik foto 1

„Борбата против корупцијата не е само прашање на носење нови закони, туку и прашање на етичко и индивидуално однесување, кое многу често влијае на промената на свеста кај луѓето“, истакна д-р Марин Мрчела во насока на одбележувањето на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата.

Мрчела нагласи дека корупцијата ја оштетува економијата, негативно влијае на потенцијалот на креирање на нови работни места и тоа подеднакво, како во државниот така и во приватниот сектор. Корупцијата ја поткопува довербата во демократијата на институциите, а воедно претставува и закана за човековите права и владеење на правото.

akad 2

„Корупцијата го прави општеството нефер и нееднакво. Во случај кога практикувањето на корупцијата е прифатливо однесување, или пак кога останува неказнето, границата помеѓу доброто и лошото, помеѓу етичното и неетичното, станува матна. Тогаш, нашата доверба во демократските вредности, во значењето на независноста, ослабува.  Потребно е да ја подигнеме индивидуалната свест за деструктивните ефекти на корупцијата и да покажеме зошто мора да се отфрли и зошто за неа нема место во нашето општество“, истакна д-р Марин Мрчела.

akademik foto 1

„За борбата против корупцијата најпотребно е европските држави да направат систем кој ќе биде веродостоен, кој ќе има добри прописи, кој ќе има стандарди што ги уважуваат сите и кој ќе има добри луѓе што ќе го спроведат тоа. Без добри луѓе и без познавачи, без оние што знаат, мислам дека не може да има борба против корупцијата. Корупција, за жал, секогаш ќе има бидејќи таа е криминал, а криминалот секогаш го прават луѓето од различни причини и мотиви. Во таа смисла, за борбата против корупцијата најважни се добри прописи, добри луѓе и промена на свеста. А за тоа, за промена на свеста, првенствено е потребна политичка волја затоа што такви прописи треба да се направат и политиката мора да ја декларира борбата против корупцијата и да не ја попречува. Секако, мора да постои свест кај луѓето за тие промени и волја кај јавноста за да се направи тоа. Ако јавноста, т.е. луѓето не го сакаат тоа, тоа нема ни да се направи“, подвлече претседателот на ГРЕКО во интервјуто за Академик.

akademik foto 1

Видеото кое има цел да даде придонес во подигнување на свеста за штетите кои може да ги предизвика корупцијата и за потребата од одлучна борба против корупцијата можете да го погледнете на следниот линк.

М.В