Бордот на директори на Адвокатската комора на Флорида одобри средства за поддршка на настраданото население
Бордот на директори на Адвокатската комора на Флорида одобри 500.000 долари за поддршка на настраданото население на сојузната држава од последиците од ураганот „Ирма”, кое беше принудено на евакуација. Парите, пред сè, ќе бидат наменети за реновирање на домовите на луѓето, покривање на загубите на нивниот движен имот и делови од домаќинството, како и за правна помош на оние на кои им е потребна.
Комората оформи и хуманитарен фонд преку кој ќе се собираат донации од заинтересирани субјекти кои ќе имаат желба и можност да им помогнат на жртвите од ураганот кој го погоди југоисточното крајбрежје и предизвика поплави и силни ветришта чија брзина изнесува и до 200 км на час, а кој претходно ги погоди Карибите и Куба каде што загинаа 28 луѓе.
Покрај фондот, Комората на Флорида креираше и веб-страница, која обезбедува линкови за пријавување на волонтери-адвокати кои ќе сакаат на кој било начин да помогнат во ситуацијата и да бидат во комуникација со властите и населението.
Дел од финансиите се обезбедени и од договорот за поддршка помеѓу Банката на Америка и Министерството за правда.
С.М.