/ Прочитано:

1.592

Брегзит овозможува шанса за ирските адвокати

Претседателот на Адвокатската комора на Ирска, Пол Мекгери, е убеден дека ирските адвокати може да имаат поголеми придобивки и повеќе работа откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. Овој негов оптимизам произлегува од фактот што Ирска ќе биде единствена држава во составот на Унијата која го практикува обичајното право и единствена од другите земји членки на ЕУ која говори на изворен англиски јазик.

По средбата со Правната комисија на ирската Влада, претседателот на Адвокатската комора на Ирска, Пол Мекгери, е убеден дека ирските адвокати може да имаат поголеми придобивки и повеќе работа откако Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија. Овој негов оптимизам произлегува од фактот што Ирска ќе биде единствена држава во составот на Унијата која го практикува обичајното право и единствена од другите земји членки на ЕУ која говори на изворен англиски јазик.

Мекгери за интернет страницата „Global legal post“ вели дека процесот на Брегзит создал значителна неизвесност во правниот систем на Велика Британија и меѓу давателите на правни услуги воопшто. Таа несигурност произлегува од тоа што адвокатите и консултантските фирми чувствуваат неизвесност за нивното понатамошно опстојување на пазарот кој нема да биде дел од ЕУ.

Весникот „Де ајриш тајмс“ неодамна објавил дека правните услуги од Велика Британија сочинуваат околу 10% од вкупните правни услуги во светот, а 20% од приходите на правните услуги од Европа доаѓаат токму од Велика Британија. Како најголем бизнис центар е наведен Лондон во кој во 2015 година проциркулирале 4 милијарди евра.

Ирска во иднина би требало да биде силен конкурент на другите правни системи на ЕУ, со оглед дека Велика Британија веќе нема да биде нејзин сојузник, со предупредување дека извесни тешкотии би можеле да настанат во делот на граѓанското право и имотно-правните односи за интернационалните компании кои работат во Ирска и Велика Британија, поради приспособливоста на периодот по Брегзитот.

С. М.