/ Прочитано:

2.093

Британски правни експерти го критикуваат Законот за брак во Англија и Велс поради неговата нефункционалност и застареност

Советниците за правни прашања во британската влада инсистираат на комплетна реформа во брачното и семејното право, бидејќи сите тие закони поврзани со бракот и семејството се контрадикторни меѓу себе во однос на одредени прашања. Д-р Николас Хопкинс, кој е член на правната комисија, за весникот „Телеграф“ вели дека е потребен нов реформски закон, кој ќе го уредува бракот и ќе им овозможи слобода на брачните парови при склучување на бракот на начин што тие самите ќе го изберат.

Експертите во Англија тврдат дека законот кој го регулира склучувањето на бракот во Англија и Велс е контрадикторен, ригиден и премногу застарен. Советниците за правни прашања во британската влада инсистираат на комплетна реформа во брачното и семејното право, бидејќи сите тие закони поврзани со бракот и семејството се контрадикторни меѓу себе во однос на одредени прашања.

Правната комисија, која функционира како независно тело во Парламентот основана во 1965 година и надлежна за надзор над законите кои се носат, го опишува како застарен системот на регистрација на брачните парови, нивното венчавање во црква и следењето на религиските традиции. Комисијата тврди дека тој систем веќе не одговара на мултикултурното и мултирелигиозното модерно општество.

Од комисијата сметаат дека е потребно целосно преиспитување на системот, особено во однос на административните работи пред склучување на бракот. Нефункционалноста на законот, кој прв пат е јавно изнесен од страна на Лорд Хардвик во 1753 година, тие го увиделе пред 2 години на дебата за истополовите бракови.

Во извештајот што го изготвиле, како најголеми проблеми се посочуваат големата бирократија, сложеноста и ограничувањата, кои често придонесуваат за одвраќање или за одложување да се склучи некој брак. Д-р Николас Хопкинс, кој е член на правната комисија, за весникот „Телеграф“ вели дека е потребен нов реформски закон, кој ќе го уредува бракот и ќе им овозможи слобода на брачните парови при склучување на бракот на начин што тие самите ќе го изберат. Тоа, всушност, претставува и интерес на општеството кое заслужува пакет правила кои ќе им дадат доволна сигурност на брачните двојки и истовремено ќе обезбеди заштита од злоупотреби на бракот како институција.

За разлика од други држави, во Англија и Велс, стапувањето во брак и целата церемонија се врзуваат за место односно се склучуваат само во одредена институција и тоа ги спречува одредени групи граѓани да се чувствуваат слободни при процесот.

Иако се сметало дека на почетокот на 90-тите законот не бил многу формален и дозволувал венчавките да се одржат во хотели или домови, наместо во канцеларии, сепак и тие требало да исполнуваат одредени критериуми и да бидат регистрирани за таа дејност.

Дека законот содржи ограничувања се покажало и во 2013 година во случајот на сопружниците Гери и Луиз Лидингтон од Лондон кога им било кажано дека при давањето на нивните брачни завети нема да можат да ја користат фразата „во болест и здравје” бидејќи тоа било премногу религиозно.

Во извештајот на Комисијата се вели дека ваквите примери претставуваат посебен проблем за брачните парови, бидејќи голем дел од нив припаѓаат на различна вера и треба да имаат слобода во однос на планирањето на нивната венчавка. Исто така, неопходна е потребата од нов закон за да се спречат браковите што се склучуваат преку ноќ, набрзина, без притоа во себе да содржат одредена правна сигурност.

С. М.