Бројни новини во предложените измени на законите за туристичката и угостителската дејност
Во просториите на Министерството за економија денеска се одржа работен состанок во врска со нацрт-измените на законите за туристичка и угостителска дејност, предводен од страна на министерот за економија Крешник Бектеши, на кој учествуваа претставници на туристичкото стопанство, на државните инспекциски служби, како и на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
„На денешната средба со претставниците од областа на туризмот разговаравме за можните измени и дополнувања на новиот Закон за туристичка дејност за да се постигне најдоброто и најсигурното за нашите граѓани. Даден е рок од 7 дена за да се коментира нацрт-верзијата на законот, каде што, меѓу другото, е предвидено да се менува и начинот на лиценцирање на туристичките агенции сè со цел нашите граѓани да бидат посигурни“, изјави Бектеши по средбата.
Бектеши додаде дека е предвидена и осигурителна полиса за аранжмани и банкарска гаранција за да им се излезе во пресрет на граѓаните кои купуваат аранжмани надвор од државата, за нив побрзо и подобро да може да се активира осигурителната полиса, додека банкарска гаранција се бара само кога се дава лиценца.
Предвидени се измени и дополнување и на Законот за угостителската дејност, кај трговските друштва и кај сите други видови угостителски објекти за исхрана, како и решавање на проблемот со кетеринг компаниите кои работат во несоодветни услови, нерегистрирани и кои се сериозна нелојална конкуренција на правните субјекти кои работат во угостителската дејност. Предвиден е соодветен модел на контрола на инспекциските служби во продажбата на аранжмани преку Букинг, Ербиенби системите и другите форми на онлајн продажбата на угостителски услуги, но ќе се изработи и систем на евиденција на државно и локално ниво на сите субјекти кои се занимаваат со угостителската дејност.
Целта заради која се изготвува и се донесува овој закон е подобрување и збогатување на содржината на туристичката понуда во Република Северна Македонија, подобрување на условите за развој на туризмот, афирмирање на природните богатства и традиционалните обележја за целите на туризмот, подобрување на квалитетот на услугата и зголемување на стапката на вработеност во секторот туризам и угостителство.
По завршувањето на сите евентуални измени и дополнувања од сите засегнати страни, Законот ќе се стави не ЕНЕР, а потоа и во владина процедура.
На што треба да обрнат внимание патниците при склучување договор за туристички аранжман
За поголеми економски ефекти во туризмот неопходни се и измени на законската регулатива
Измени на прописите и стратешките документи од областа на туризмот
Нелојалната конкуренција и непочитувањето на законите ѝ наштетуваат на туристичката дејност
Правни совети за граѓаните и нивните права при организирани туристички патувања
M.В