Буџетот за 2020 година на собраниска седница

Дополнетиот Предлог-буџет на Република Северна Македонија за 2020 година и Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се на дневен ред на денешната собраниска седница.

Фискалната политика за 2020 година, се вели во Предлог-буџетот, е насочена кон остварување на клучните цели утврдени со стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија за 2020 година, и тоа: спроведување на макроекономска политика насочена кон задржување на макроекономската стабилност, зголемување на конкурентноста на економијата и зголемување на вработеноста; спроведување на фискална политика во функција на фискална одржливост и етапна консолидација на јавните финансии, поддршка на економијата со значителни инвестиции во инфраструктурни проекти и зголемена транспарентност; обезбедување на зголемена социјална сигурност и заштита; создавање на поволна деловна клима со политики на соработка со бизнис-секторот, социјалните партнери, заштита на работничките права, недискриминација, зголемена ефикасност, како и поддршка и развој на малите и средните претпријатија; поддршка за отворање на нови работни места преку активни мерки за вработување и зголемување на нивото на платите во економијата; интеграција во НАТО и започнување и успешно водење на процесот на преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија и друго.

Второ читање на Предлог-буџетот пред собраниските комисии

Арсовска: Од вкупниот буџет, 3% за директна поддршка за приватниот сектор

Коментар на „Фајнанс тинк“ за Предлог-буџетот за 2020 година

Изгласан ребалансот на Буџетот

Утврден дополнетиот предлог за измени на Буџетот

Пред Комисијата за буџет продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Ребалансот на Буџетот на дневен ред на собраниските комисии

Ребалансот на Буџетот пред пратениците

М.В