/ Прочитано:

571

Царинската управа: Завршена првата фаза на дигитализација на царинските испостави

Царинската управа известува дека почнувајќи од денес, 23.8.2019 година, новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) се става во функција и во ЦИ Гевгелија, ЦИ Богородица и ЦИ Табановце. Сите царински декларации, почнувајќи од овој датум,  во наведените царински испостави задолжително треба да се поднесуваат во СОЦДАД.

„Напоменуваме дека економските оператори кои ќе поднесуваат царински декларации и во  овие испостави треба да ги исполнат основните услови за да можат да поднесат електронска царинска декларација, односно треба да:

– поседуваат електронски потпис (сертификат);

– да имаат одобрен пристап до СОЦДАД;

– да поседуваат одобрение за застапување.

Забелешка: сите одобренија поврзани со царински постапки мора претходно да бидат евидентирани во СОЦДАД.

Со вклучувањето на трите најголеми царински испостави од 23.8.2019 година, СОЦДАД ќе се применува во сите царински испостави, со што завршува првата и најзначајна фаза од дигитализацијата на царинските постапки“, информираат од Управата.