/ Прочитано:

7.103

Целосен текст на новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Во подготовка е нов Закон за данокот на личен доход. Целта на Предлог-законот, велат од Министерството за финансии е да овозможи поправеден систем на оданочување на доходот на граѓаните, како и надминување на одредени слабости на постојниот закон.

„Постојниот систем на оданочување на доходот на граѓаните е неправеден. Поради тоа, се предлагаат промени, во насока на поголема праведност. Со оглед на тоа дека постојниот Закон за персоналниот данок на доход е донесен на крајот од 1993 година и досега е изменет или дополнуван повеќе од 20 пати, се предлага донесување нов Закон за данокот на личен доход“, образложуваат од Министерството за финансии, кое покрај анализата за даночната реформа го објави го објави и целосниот текст на Предлог-законот за данокот на личен доход.

Со Законот за данокот на личен доход се уредува оданочувањето на личниот доход на физичките лица, обврзникот за плаќање на данокот, даночната основа за пресметување на данокот, даночните стапки, роковите за плаќање на данокот, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход. Целосниот текст на Предлог-законот може да се погледне на следниот линк.

Министерството за финансии објави анализа за даночната реформа

Измени на данокот за личен доход: Дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно

М.В