/ Прочитано:

1.006

Целосна дигитализација на 200 судници и 34 судови

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во своето обраќање на конференцијата  „Ефикасност на работата на судиите и судската администрација“, кажа дека планот за дигитализација на судството е готов, дека Владата го усвоила и дека следната фаза е практично дигитализација, односно пристигнувањето и инсталирање на информатичката технологија. Според планот, истакна Маричиќ, целосно ќе се дигитализираат речиси 200 судници и 34 судови.

„Дигитализацијата, за жал, во некои сегменти во општеството наидува на отпор, но ќе се сложиме дека отпор кон модернизација не треба да има. Таа ќе се случи, порано или подоцна, во сите сегменти на живеењето. Судството, секако, нема да биде ‘поштедено’. Сите досегашни анализи укажуваат дека преку дигитализацијата, судењата на далечина или онлајн судењата за 60% ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста. Дополнително, на овој начин се намалуваат трошоците“, потенцира Маричиќ.

Маричиќ посебно се заблагодари за финансиската и стручната помош од ОБСЕ, Европската Унија, САД и Норвешката влада, кои директно асистираат во големиот проект за дигитализација на македонските судови.

Дигитализација на судството – зголемување на ефикасноста и пристапот до правда

Дигитален идентитет за странките и адвокатите – дел од активностите за дигитализација на судството

Маричиќ во Турција за дигитализацијата на македонските судови

И Хан информиран дека ќе се дигитализираат 100 судници во земјата

Дигитализација на 100 судници, најави министерот за правда од Брисел

Министерот за правда во Основниот суд Кавадарци, првиот суд каде што се одржа онлајн судење

Законски измени за дигитализација на судството, најави министерот за правда на јавната расправа за ЗПП

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

(ФОТО) Основниот суд Кавадарци постави паравани за целосна заштита на странките

Онлајн судење за разбојништво во Основниот суд Кавадарци

Онлајн судења во Основниот суд Кавадарци

М.В