/ Прочитано:

17.250

Целосниот текст на новиот Предлог-закон за основното образование

Министерството за образование и наука го објави новиот Предлог-закон за основното образование.

„Со овој Закон за основното образование се уредува воспитно-образовниот процес кој се остварува во основните училишта, како и дејноста на основното образование како дел од единствениот воспитно-образовен систем. Дејноста на основното образование е од посебен јавен и општествен интерес“, се пропишува во Предлог-законот.

Целите на овој закон се:

– стекнување општи и применливи знаења што се потребни во секојдневниот живот или за натамошно образование,

– хармоничен, интелектуален, емоционален и социјален развој на учениците соодветно со нивните способности,

– развивање на писменоста и способностите на учениците за разбирање, информирање и изразување на македонски јазик и неговото кирилско писмо,

– развивање на писменоста и способностите на учениците за разбирање, информирање и изразување, покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо, и на јазик и писмо на припадниците на заедниците кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик,

– развивање самодоверба и свест кај ученикот за сопствената индивидуалност и одговорност за своите постапки,

– воспитување за меѓусебна толеранција, соработка, почитување на различноста, основните човекови слободи и права,

– развивање свест кај учениците за припадност на Република Македонија и негување на сопствениот национален и културен идентитет,

– воспитување за општи културни и цивилизациски вредности кои произлегуваат од светските традиции,

– усвојување општи и применливи знаења кои овозможуваат самостојно креативно дејствување во општествената и природната околина и развивање способности за расудување и за изразување во уметноста и културните традиции,

– развивање на способности за истражување, експериментирање и решавање на проблеми,

– вклучување и водење грижа за развојот на учениците со посебни образовни потреби,

– развивање на надареноста на учениците во различни области и

– унапредување на здравиот начин на живеење и воспитување за преземање одговорност за сопственото здравје и за заштита на животната средина.

Со новиот Предлог-закон за основното образование, кој го презентираше министерот за образование и наука, Арбер Адеми, се предвидува дека учениците веќе нема  да учат во саботи.

Ако се губи од наставата, часовите нема да се одработуваат за викенд, туку ќе се надополнат со продолжување на учебната година за да нема намалување на часовите. Во законот се предвидува дека најмалку половина од зимскиот распуст за наставниците ќе бидат платени неработни денови, а уште од прво одделение, покрај одделенскиот наставник, децата ќе имаат и наставник по физичко и здравствено образование.

Предвидено е министерот на предлог на Бирото за образование да утврди национални стандарди кои ќе бидат базирани на компетенции што треба да ги стекнат и да ги усвојат учениците на крајот на секој период од основното образование во подрачјата: јазична писменост, изучување други јазици, математика, природни науки и технологија, дигитална писменост, личен и социјален развој, демократска култура и граѓанство, претприемништво и уметничко изразување, култура и мултикултура.

Со новиот закон се зголемува бројот на ученици на кои ќе им биде покриено учеството на меѓународни натпревари, потоа се предвидува нутритивниот квалитет на исхраната да го утврдуваат Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје, а  во секое училиште ќе се формира и тим за меѓуетничката интеграција на децата. Законот предвидува и инклузија на учениците со попреченост во редовната настава.

Законот може да се коментира на следниот линк.

Во подготовка Закон за наставници во основните и средните училишта и Закон за основното образование

Потребни се реформи за сите деца да имаат право на еднакви можности за учење

Правата и обврските на учениците според Законот за основното образование

Законски измени за непречено остварување на правото на бесплатен превоз на учениците

Во подготовка втората верзија на Законот за основното образование

Што се предвидува во Предлог-законот за основното образование, кој се очекува да биде донесен пред новата учебна година

Клучните промени во основното образование и новите наставни планови и програми за прво одделение

РЕВИЗИЈА НА НАСТАВНИТЕ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ: Да се развие љубов, а не фрустрација кон учењето

Ревизија на учебниците од дискриминаторски содржини, говор на омраза и невистинити факти

Ќе се намалува бројот на предмети во училиштата

За квалитетно основно образование, потребни се јасни учебници и мотивирани ученици

ПЕТКИ ВО ДНЕВНИК – ЕДИНИЦИ НА ПИСА: Тркалезна маса за подобрување на квалитетот на основното образование

М.В