/ Прочитано:

2.883

Целосниот текст на решенијата на Врховниот суд за укинувањето на мерката притвор за обвинетите во предметот „Империја“

„Поради зголемениот интерес во врска со предметот познат во јавноста под името „Империја“, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 4 март 2019 година донесе решенија по предметите заведени под Вкж1. бр. 13/2019, Вкж1. бр. 14/2019 и Вкж1. бр. 15/2019, со кои ги уважи жалбите на обвинетите Ј. К., Ц. П. и Н. Ј., решенијата на Апелациониот суд Скопје ги преиначи на начин што ги укина мерките куќен притвор и ги пушти обвинетите да се бранат од слобода веднаш по приемот на решенијата“, се вели во соопштението на Врховниот суд.

Од Врховниот суд посочуваат дека при постапувањето го имале предвид утврденото Начелно правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија донесено на 30.1.2019 година, кое гласи: „Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и по истекот на тој рок од 18 месеци не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни постапки предвидени со Законот за кривичната постапка.“

Решението по предметот Вкж1.бр.13/2019 од 04.03.2019 година, можете да го најдете тука

Решението по предметот Вкж1.бр.14/2019 од 04.03.2019 година, можете да го најдете тука

Решението по предметот Вкж1.бр.15/2019 од 04.03.2019 година, можете да го најдете тука

М.В