/ Прочитано:

1.407

Центарот за економски анализи објави анализа на Буџетот за 2019 година

Предлог-буџетот за 2019 година, кој е предмет на анализа во овој документ, е усвоен од страна на Владата на седницата одржана на 16 ноември 2018 година. За разлика од претходните буџетски години, кога Фискалната стратегија во континуитет се носеше со задоцнување, а претставува основа за креирање на предлог-буџетите, последната Фискална стратегија 2019 – 2020 е навремено донесена во мај 2018 година и доставена е до Собранието на Република Македонија.

По утврдувањето на стратешките приоритети, Владата изготвува Фискална стратегија, како среднорочна фискална рамка за период од 3 години, која ги дефинира насоките и целите на фискалната политика и ги утврдува износите за главните категории на проценетите приходи и одобрените средства за тој период. Фискалната стратегија е неопходна при изготвувањето на Буџетскиот циркулар, во кој се утврдуваат финансиските лимити за секој буџетски корисник.

Стратешките приоритети кои се дефинирани во Фискалната стратегија 2018 – 2020 продолжуваат без промени да бидат приоритет на Владата според нивната првична дефиниција.

Целосната анализа е достапна на следниот линк АНАЛИЗА НА ПРЕДЛОГ-БУЏЕТОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2019