ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР: Десет илјади фирми избришани во март 2016 година
Како што информираат оттаму, бришењето ќе биде извршено бидејќи до 31.12.2014 година правните субјекти не поднеле годишна сметка до Централниот регистар за деловната 2013 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена, во согласност со членот 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица.
8 април 2016 – Приближно десет илјади правни субјекти се најдоа на листата за бришење од Централниот регистар.
Како што информираат оттаму, бришењето ќе биде извршено бидејќи до 31.12.2014 година правните субјекти не поднеле годишна сметка до Централниот регистар за деловната 2013 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена, во согласност со членот 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица.
Постапката на бришење од регистарот на деловни и неактивни субјекти се спроведува во согласност со Законот за трговски друштва и тоа според членовите 552-а и 552-б, а уписот на бришење од регистарот е уреден со Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица.
Во рок од 30 дена по настапувањето на условите за бришење на неактивен субјект, Централниот регистар на Република Македонија е должен да го објави тоа во соопштените на својата веб-страница и да ја спроведе постапката на бришење.
Целосната листа на избришани субјекти можете да ја најдете тука.