/ Прочитано:

1.090

Централен регистар: Истекува рокот за поднесување годишни пресметки

 

 

Рокот за поднесување на годишните сметки за правните лица истекува денеска, додека самостојните вршители на дејност можат да ги поднесуваат годишните сметки до 15 март годинава во хартиена и електронска форма, информира Централниот регистар на Република Македонија.

„За субјектите кои водат сметководство, во согласност со Законот за трговски друштва, рокот за поднесување на годишните сметки и финансиските извештаи во електронска форма е до 15.3.2018 година, а големите и средни трговци се должни да ја достават годишната сметка до Централниот регистар само во електронска форма“, велат од Централниот регистар.

Централниот регистар денеска ќе работи од 7:00 до 21:00 часот, додека во регионалните канцеларии во Македонски Брод, Виница, Берово и Делчево работното време ќе биде од 8:00 до 16:00 часот.

Во Кратово, Крушево и Демир Хисар, каде што Централниот регистар нема канцеларии, приемот на годишните пресметки ќе се врши од 8:00 до 16:00 часот, и тоа во Кратово и во Демир Хисар во просториите на општината, а во Крушево во просториите на „УНИ банка“.