/ Прочитано:

1.391

Централен регистар ќе врши надградба на е-системите

Централниот регистар на Република Македонија ги информира корисниците на e-системите дека денеска (четврток – 27.4.2017), во периодот од 13:00 до 16:30 часот, ќе се врши надградба на системите за е-потврди, дистрибутивен систем, е- регистрација и десктоп апликација за трговски регистар.

Во тој период, како што наведува Централниот регистар во своето соопштение, внатрешните корисници на овие системи нема да може да издаваат потврди преку системот за е-потврди.

„Од таа причина, нема да се врши внес и одобрување на предмети во трговскиот регистар. За надворешните корисници нема да бидат достапни следниве системи: е-потврди, дистрибутивен систем, регистар на директни инвестиции, е-залог/ лизинг, е-регистрација“, се вели во соопштението на Централниот регистар на Република Македонија.