/ Прочитано:

4.960

Централен регистар: Пуштен во употреба регистарот на вистински сопственици

Централниот регистар  информира дека од денес, 27.1.2021 година, почнува да тече рокот од 90 дена за пријавување на податоците за вистинските сопственици во регистарот на вистински сопственици.

„Регистарот се воспоставува како производ од интензивната соработка меѓу Централниот Регистар со Управата за финансиско разузнавање, поддржан од Глобалната програма за борба со нелегални финансиски текови при Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Целта на воведувањето на регистарот е зголемување на транспарентноста во сопственичката структура на правните лица во земјата и исполнување на меѓународните и ЕУ стандарди за борба со перење пари и финансирање тероризам.
Предмет на упис во регистарот се вистинските (крајните сопственици) на субјектите на упис.
„Вистински сопственик” е секое физичко лице (лица) кое е краен сопственик на субјектот или го контролира субјектот и/или физичко лице (лица) во чие име и за чија сметка се извршува трансакција. Поимот вклучува и физичко лице (лица) кое врши крајна и ефективна контрола над правно лице или странски правен аранжман.
За точноста, адекватноста и ажурноста на податоците внесени во Регистарот се одговорни овластените лица на правните субјекти, а уписот се спроведува единствено електронски, преку интернет, при што подносителите се идентификуваат и пријавите се потпишуваат со електронски потпис. Овластените лица уписот може да го спроведуваат самостојно или пак да овластат друго лице да поднесе пријава во нивно име.
Во Регистарот се внесуваат податоци за сите постоечки субјекти иницијално, како и за сите настанати промени во сопственичката структура на субјектите. Сите уписи кои ќе се спроведуваат во законските рокови се спроведуваат без надомест (8 дена од денот на основањето на субјектот и 8 дена од денот на промената на вистинскиот сопственик), при што таква можност за сите постоечки субјекти ќе се обезбеди и во рок од три месеци од моментот на воспоставувањето на Регистарот.
За подетални информации околу уписот и промена на вистинските сопственици, обврзани субјекти, рокови, начин на користење на системот, процедура и сл. можете да прочитате и од Документот за ЧПП на следниот линк или да се обратите на следните телефони за поддршка на корисници +389 2 3288 602, да испратите e-mail порака на следната контакт адреса rvs@crm.org.mk  или да ја посетите официјалната веб страница на Централен регистар  http://www.crm.com.mk/mk/uslugi/izvrsham-upis-ili-zavrsham-obvrska/zapishi-vistinski-sopstvenik/upis-na-vistinski-sopstvenik-na-subjekt
На следниот линк може да го погледнете видеото кое содржи подетални информации за самиот Регистар и суштината на неговото воспоставување.
https://www.youtube.com/watch?v=9vu92BFiJYE&ab_channel=CentralenRegistarnaRSM“,информираат од Централниот регистар.

Регистарот на вистински сопственици ќе се стави во функција на почетокот од 2020 година

Регистарот на вистински сопственици како законска обврска и новина во работењето на Централниот регистар

Вистински сопственик на правно лице

Годинава ќе стартува регистарот на вистински сопственици кои ги поседуваат или ги контролираат  фирмите

Централниот регистар од следната година ќе ги регистрира вистинските сопственици на фирмите

Анализата на клиентот според Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам

Субјекти што имаат обврска да преземаат мерки за откривање и спречување на перење пари и финансирање тероризам

Новиот Закон за спречување на перење пари и финансирање тероризам во собраниска процедура

Законски измени за воспоставување регистар на вистински сопственици во рамките на Централниот регистар

Се подготвува Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

М.В