/ Прочитано:

1.214

Централен регистар: Соопштение за спроведување на контрола на носителот на овластување, регистрациски агент

Самата контрола, започнувајќи од 1.6.2017 (четврток), ќе се спроведува од страна на службени лица вработени во Централниот регистар, овластени од директорот на Централниот регистар за нејзино спроведување, за што ќе бидат и должни да се легитимираат пред субјектот кој е предмет на контрола.

Централниот регистар на Република Македонија денеска соопшти дека во согласност со член 34-ѓ од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица има обврска за спроведување на контрола на носителот на овластување, регистрацискиот агент во однос на исполнетоста на критериумите за добивање на овластување, постапувањето при поднесување на пријава за упис и извршувањето на услугите за упис преку системот за е-регистрација.

„Самата контрола, започнувајќи од 1.6.2017 (четврток), ќе се спроведува од страна на службени лица вработени во Централниот регистар, овластени од директорот на Централниот регистар за нејзино спроведување, за што ќе бидат и должни да се легитимираат пред субјектот кој е предмет на контрола.

Преглед на субјекти јуни 2017

Предметот на контрола е регулиран со член 34-е од горенаведениот закон и ќе се однесува на проверка:

– на идентичноста на податоците содржани во пријавата и прилозите поднесени преку системот за е-регистрација, со податоците содржани во прилозите доставени до регистрацискиот агент од субјектот на упис,

– на исполнетоста на критериумите определени со членот 34-а од овој закон,

– во постапувањето во согласност со членот 82, став (4) од Законот за трговските друштва“, се наведува во денешната информација на Централниот регистар на Република Македонија.