/ Прочитано:

2.424

ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР: Во месец мај избришани само 8 фирми

Постапката на бришење од регистарот на деловни и неактивни субјекти се спроведува во согласност со Законот за трговски друштва и тоа според членовите 552-а и 552-б, а уписот на бришење од регистарот е уреден со Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица.

Централен регистар

Централниот регистар на својата веб-страница ја објави листата на избришани субјекти за месец мај 2016 година. На листата се наоѓаат вкупно 8 фирми од кои 7 се ДООЕЛ и еден трговец-поединец.

Од нив 5 се со седиште во Скопје, 2 во Струмица и 1 во Битола.

Постапката на бришење од регистарот на деловни и неактивни субјекти се спроведува во согласност со Законот за трговски друштва и тоа според членовите 552-а и 552-б, а уписот на бришење од регистарот е уреден со Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица.

Во рок од 30 дена по настапувањето на условите за бришење на неактивен субјект, Централниот регистар на Република Македонија е должен да го објави тоа во соопштените на својата веб-страница и да ја спроведе постапката на бришење.