/ Прочитано:

1.099

Централниот регистар и во сабота ќе прима годишни сметки и финансиски извештаи

Централниот регистар и во сабота, на 24 февруари, од 8:00 до 16:00 часот ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2017 година во сите градови освен во Кратово, Крушево и Демир Хисар, информираат од институцијата.

Во понеделник, вторник и среда Централниот регистар ќе работи од 7:00 до 21:00 часот, освен во регионалните канцеларии во Македонски Брод, Виница, Берово и Делчево, каде што работното време ќе биде од 8:00 до 16:00 часот. Во Кратово, Крушево и Демир Хисар, каде што нема канцеларии Централниот регистар, приемот на годишните пресметки ќе се врши во понеделник, во вторник и среда од 8:00 до 16:00, и тоа во Кратово и во Демир Хисар во просториите на општината, а во Крушево во УНИ банка.

Субјектите со вид на големина микро и мали, кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, во согласност со Законот за трговски друштва, да ја поднесат во електронска форма до 15 март годинава, велат од Централниот регистар.

М.В