/ Прочитано:

1.404

Централниот регистар со продолжено работно време за регистрација на учесниците на изборите

Централен регистар

Регионалната регистрациска канцеларија на Централниот регистар на Македонија во Скопје на 11-ти и 15-ти овој месец ќе работи со продолжено работно време од 8:30 до 00:00 часот со цел регистрација на учесниците во изборната кампања на предвремените парламентарни избори 2016 година.

Работното време се продолжува со цел учесниците во изборите да обезбедат единствен даночен број и трансакциска сметка за изборна кампања од Централниот регистар.