/ Прочитано:

587

ЦГК со нов мониторинг извештај за јавните набавки: Нетранспарентни постапки со преговарање без објавување оглас

 Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни 2020 година. Клучните наоди од мониторингот вклучуваат:

– Институциите не се консултираат со бизнис-секторот во насока на подобрување на тендерските документации, а со тоа и на самиот процес на јавните набавки. Во мониторираниот период, спроведен е технички дијалог само за 1,4 % од тендерите, а и во овој симболичен процес на консултации се забележуваат пропусти.

– Во мониторираниот период, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 11 милиони евра, што е за 15 % повеќе од истиот период претходната година.

– На секој трет тендер е доставенa една или ниту една понуда. Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2020 година упатува на минимално подобрување во однос на истиот период во 2019 година, но влошување во однос на целата 2019 година.

– ’Најниската цена‘ е користена како критериум за избор на најповолна понуда во 96 % од спроведените тендери, со што е задржан неповолниот тренд од претходната година. Оправдан е сомнежот дека со толку големата примена на критериумот ’најниска цена‘ се доведуваат во прашање начелата на економичност, ефикасност и ефективност на јавните средства.

– Електронската аукција е користена во дури 92 % од тендерите, со што се овозможува и натаму да бидат широко распространети манипулациите што таа ги генерира во јавните набавки.

– Иако проценетата вредност на тендерите не се објавува јавно, сепак некои понудувачи доставуваат понуди што се симптоматично блиску до проценетата вредност.

– На локалните тендери се забележува непочитување на Законот за јавните набавки, особено во делот на образложение на потребата од набавката и на причините за неделивост.

Честите поништувања на тендерите се индикатор за постоење ризик од корупција

6,7 милиони евра за „итни набавки“ за заштита од коронавирусот

48 % од фирмите сметаат дека има корупција во набавките

Годишен извештај на Државната комисија за жалби по јавни набавки

Анализа за транспарентноста на тендерите во јавното здравство

Доминира бројот на евидентирани предмети за случаи на корупција во јавните набавки

Транспарентност, отчетност и интегритет на институциите во јавните набавки

М.В