/ Прочитано:

635

ЦГК: За експлоатација на минералните суровини државата наплатува само 8 милиони евра годишно

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на доделени концесии за минерални суровини за 2019 година. Концесија за користење минерални суровини имаат добиено вкупно 264 фирми. Издадени се вкупно 358 вакви концесии, а површината на земјата која е опфатена со овие концесии е 349 километри квадратни, што е 1,4 % од вкупната територија на државата.

Вкупно се експлоатираат 50-тина видови минерални суровини. Најмногу концесии се издадени за експлоатирање на варовник, 110, за вода 47 и за песок и чакал 43 концесии.

Територијално, најмногу концесии се издадени за експлоатација на суровини на територијата на Општина Прилеп, вкупно 32. Следуваат Општина Гостивар со 21 концесија, Струга со 18 концесии и Сопиште со 15 концесии.

Најмногу концесии, по девет, имаат Цементарница УСЈЕ од Скопје и градежната фирма Гранит од Скопје. Следна фирма, со шест концесии е МИСА-МГ од Скопје, а пет концесии има Кнауф Радика од Дебар.

За добиените концесии се плаќа надомест по две основи: за користење на површината и за експлоатираните количини. По првата основа, годишно се прибираат само околу 800 илјади евра, додека по втората основа, за количината на експлоатираната суровина се прибираат 7,4 милиони евра. Или вкупно по двете основи се прибираат околу 8,2 милиони евра.

Најголем надомест плаќаат рудникот Саса, 2,2 милиони евра годишно и рудникот Бучим 1,2 милиони евра годишно. Тие заедно плаќаат дури 43 % од вкупните пари што се слеваат во државната каса за експлоатацијата на суровините