/ Прочитано:

1.781

Четири илјади фирми на последната Листа на должници на УЈП

Повеќе од 4.000 фирми, јавни претпријатија и физички лица се најдоа на најновата листа на УЈП. Во горниот дел на листата на јавните претпријатија се наоѓаат ЈП Македонија пат, Македонски шуми, Јавното претпријатие за комунални дејности - Гостивар, Јавно комунално претпријатие - Тетово, Македонската радио-телевизија и Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија.

????????????????????????????????????

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници бр.06/2016 за доспеани долгови до 29.02.2016 година и неплатени до 31.05.2016 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојните вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Повеќе од 4.000 фирми, јавни претпријатија и физички лица се најдоа на најновата листа на УЈП. Во горниот дел на листата на јавните претпријатија се наоѓаат ЈП Македонија пат, Македонски шуми, Јавното претпријатие за комунални дејности – Гостивар, Јавно комунално претпријатие – Тетово, Македонската радио-телевизија и Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи може да објави податоци без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница заради исправка на непотполни информации кои се објавени во листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци може да се обрати до:

  • Надлежната регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.