/ Прочитано:

913

Четири лица осомничени за поткуп на гласачи во Тетово

Петок, 29 март 2013 – СВР Тетово со судска наредба вчера изврши претрес во нотарска канцеларија сопственост на М.И. (63), лоцирана на улица „Илинденска“ во Тетово. Со потврда бил одземен нотарски записник за заверки и 175 заверени изјави од граѓани за зачленување во Партијата за демократски просперитет со седиште во Тетово.

Тетовската полиција со с судска наредба извршила претрес во нотарската канцеларија М.И (63), при што со потврда одземен е нотарски уписник за заверки и 175 заверени изјави од граѓани за зачленување во Партијата за демократски просперитет со седиште во Тетово. Нешто подоцна, приведени и задржани се  уште четири лица од Тетово:  А.М.(40) од кого се одземени 16 банкноти по 10 евра, потоа А.К.(28) кај кого се пронајдени и одземени  4 банкноти по 10 евра, Н.Т.(32) и В.Х.(28), во чие возило се пронајдени 14.060 евра, односно 653 банкноти по 20 евра и 5 банкноти по 200 евра. Покрај четворицата приведени, повикан е и Ќ.Л.(77), исто така од Тетово, разговарано е со него, по што е пуштен, како и нотарот М.И.

Сознанијата се добиени од едно лице инволвирано во настанот. Кај нотарот во список се потпишувале лица кои се залагале за возобновување на Партијата за демократски просперитет (ПДП) која веќе подол период не е активна. Лицата кои дале потпис за возобновувањето на партијата добивале по 10 евра. Ваквите активности на граѓаните не се косат со законот, но проблемот настанал кога е побарано од тие што потпишале за возобновување на партијата, во наредниот круг да гласаат за еден од кандидатите и за тоа им биле ветени по 20 евра. Поради тоа целиот овој случај полицијата го води како обид за „поткуп при избори и гласање“.

СВР Тетово презема мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости околу овој случај, а против четворицата приведени и задржани кои се сомничат за „поткуп при избори и гласање“, ќе биде поднесен Посебен извештај.