/ Прочитано:

942

Четири лица заработија казни за шетање на кучиња без ремен и маска

Четврток, 20 јуни 2013 – Четири лица од Гостовар ќе добијат пријави бидејќи ги воделе кучињата без заштитни маски или ремен. Глобата за овој вид прекршок изнесува од 100 до 400 евра.

„Службеници од Полициската станица Гостивар, на неколку локации (кејот на реката Вардар, околните паркови и во училишните дворови) во Гостивар, вчера попладне  спроведоа акциска контрола, со која биле опфатени десетина сопственици на кучиња, изјави Марјан Јосифоски“, портпарол на СВР Тетово.

Дел од контролираните сопственици на кучиња биле предупредени за констатираните пропусти, а еден поради непоседување документи за лична идентификација.

Портпарлот Јосифовски најавува дека вакви или слични активности се планирани и наредните денови, со цел да се отстранат сите пропусти и незаконитости, кога станува збор за водење кучиња на јавни места.

Глобата за овој вид прекршок изнесува од 100 до 400 евра. Доколку пак кучето нападне, исплаши или повреди друго лице, предвидена е и кривична одговорност за неговиот сопственик, зависно од вкупните околности и последици.