/ Прочитано:

950

Членот 32 од Законот за работните односи на кој се повикува министерот за здравство за вакцинацијата

Уставот гарантира дека јавното здравје е пред сѐ, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче во врска со препраката за вакцинација во јавниот и во приватниот сектор. Заштитата на сопственото здравје и здравјето на другите, посочи министерот, во Уставот е во член 39, а во Законот за работни односи  е во членот 32.
Одредбите на кои се повикува министерот за здравство гласат:
„На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита.

Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“, член 39, Устав на РСМ

Почитување на прописите за заштитата при работата

„(1) Работникот е должен да ги почитува и спроведува прописите за заштита при работа, да го заштити својот живот и здравје, како и здравјето и животот на другите лица. Право и обврска на секој работник е да се грижи за сопствената безбедност и безбедноста на другите лица кои работат со него, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на работодавачот, да биде запознаен со мерките за безбедност на здравје при работа и да биде обучен за нивната примена, согласно со прописите за безбедност и здравје при работа.

(2) Работникот има право да одбие извршување на работата доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, кога не се спроведени безбедносните мерки и да побара нивно отстранување“,Член 32, Закон за работните односи.

Плаќањето на ПЦР тестот да биде на товар на работодавачите

УПОЗ: Противуставни се мерките во врска со вакцинацијата на вработените во јавниот сектор

Вакцинацијата мора да биде лична определба на работниците, реагираат синдикатите

Потврда за примена вакцина, потврда за прележан ковид или ПЦР негативен тест за вработените во јавниот сектор

Потврда за примена вакцина, потврда за прележан ковид или ПЦР негативен тест за вработените во јавниот сектор

За влез во објекти потребен е сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан ковид

Соопштение за рестриктивните мерки

Измени на ковид протоколите за работата на угостителските објекти

Соопштение за дополнувањето на рестриктивните мерки

Измените и дополнувањата на новите рестриктивни мерки

За влез во трговски центри кои се затворени задолжително треба да се покаже сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19

Најновите рестриктивни мерки, протоколи и препораки

Новите заклучоци на Главниот кризен штаб во врска со рестриктивните мерки

Новите мерки на Владата за превенција и заштита од коронавирусот основа за дискриминација во остварување на човековите права и слободи

Соопштение на Владата во врска со новите рестриктивни мерки

М.В