/ Прочитано:

1.269

Членови на ССРМ ќе даваат свечени изјави во Собранието

Вторник, 18 декември 2012 – Пет членови на Судскиот совет на Република Македонија (ССРМ) од редот на судиите денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски.

Свечени изјави ќе дадат Јелица Крстевска, судија на Врховен суд на Република Македонија, Влатко Самарџиски, судија на Апелациониот суд Скопје, Александра Зафировска, судија на Основен суд Тетово и претседател на ССРМ, Мирјанка Гоцевска Стефановска, судија на Апелациониот суд Штип и Мери Дика Георгиевска, судија на Апелациониот суд Скопје.