/ Прочитано:

899

Членови на Поткомисијата за човекови права на ЕП во посета на Македонија

Четврток, 14 февруари 2013 – Членовите на Поткомисија за човекови права на Европскиот парламент, Ричард Ховит и Ципиран Матеи денеска ќе имат средби со македонскиот државен врв.

Според агендата, предвидено е тие да се сретнат со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, со членови на Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот при Собранието, со заменик претседателот на Владата Муса Џафери и со министерот за правда Блерим Беџети.

Како што информираат од Кабинетот на министерот Беџети, на средбата во Министерството за правда ќе се разговара за активностите на Министерството во однос на реформата на судскиот систем и реформата на кривичното законодавство, пренесува МИА.